Општина Кавадарци ќе гради нова индустриска зона

Bez autora
Nov 26 2012

Големиот број заинтересирани инвеститори ги принуди надлежните во Општина Кавадарци да размислат да отворат нова индустриска зона, но и да ја прошират постојната во која веќе се гради фабриката на „Дрекслермаер“. Градоначалникот Александар Панов е претпазлив во давањето информации околу новите инвестиции, но, сепак, најави дека Кавадарци во наредниот период го очекува економски бум. Панов веќе се сретнал со претставници на еден германски инвеститор од околината на Минхен, кој го испитува теренот и можноста да ја преработува згурата што останува од производствениот процес во „Фени индустри“. Тоа дека Германците имаат сериозни намери доказ е и нивната средба со раководството на „Фени“.

Општина Кавадарци ќе гради нова индустриска зонаГолемиот број заинтересирани инвеститори ги принуди надлежните во Општина Кавадарци да размислат да отворат нова индустриска зона, но и да ја прошират постојната во која веќе се гради фабриката на „Дрекслермаер“.

Градоначалникот Александар Панов е претпазлив во давањето информации околу новите инвестиции, но, сепак, најави дека Кавадарци во наредниот период го очекува економски бум.

Панов веќе се сретнал со претставници на еден германски инвеститор од околината на Минхен, кој го испитува теренот и можноста да ја преработува згурата што останува од производствениот процес во „Фени индустри“. Тоа дека Германците имаат сериозни намери доказ е и нивната средба со раководството на „Фени“.

„На идните средби ќе биде дефиниран просторот што би го зазеле и тогаш ќе биде познато дали ќе го купат земјиштето или ќе го изнајмат. Дури постои и опција во непосредна близина на ’Фени‘ да урбанизираме земјоделско земјиште на кое ќе се изгради погон за третман и дробење на згурата од ’Фени индустри‘“, рече Панов

Тој најави дека Општина Кавадарци очекува нови инвеститори, поради што се интензивираат активностите во постојните индустриски зони, а набрзо треба да се изгради и нова.

„Спроти ’Дрекслермаер‘ имаме простор од 4-5 хектари кој ќе биде делумно урбанизиран. Ќе се гради мотел, бензинска пумпа и други содржини. На долниот дел од регионалниот пат Кавадарци - Росоман има доволно простор да се изгради мала индустриска зона која ќе овозможи на помали парцели да се вселат претежно домашни инвеститори. Во иднина би можело да се прошири и индустриската зона каде што е ’Дрекслермаер‘ и тоа за потребите на други инвеститори кои делумно ќе го опслужуваат работењето на германската фабрика, но и во функција на домашното стопанство“, вели градоначалникот Панов.

Според надлежните во локалната самоуправа, на Кавадарци му е потребна површина од околу 20 хектари за да може да им излезе во пресрет на идните инвеститори. Истовремено, Општината активно работи и на реактивирање на старите зони, пред се', на слободниот простор од неколку десетици хектари во некогашниот ДИК „Страшо Пинџур“, сегашна „Кабран“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik